Гаража¶
Истражете и одговорете ги следниве прашања:
Колку време просечно троши еден возач за паркирање на своето возило во период од десет дена?
Дали има доволно паркинг места во вашата околина?
Какви видови гаражи постојат?
Што се подразбира под поимот паметни градови?
Како изгледаат современите гаражи во светските метрополи?
Живееме во време на четвртата индустриска револуција, во време во кое вештачката интелигенција полека навлегува во секоја пора од секојдневието и им го поедноставува на луѓето решавањето на проблемите со кои се соочуваат.
Еден мал сегмент во кој може примената на современата технологија да ни помогне и да ни заштеди време е и гаражата со јасно истакнати слободни паркинг места.
Што ни е потребно?
Три уреди Микро:бит;
Картон или шперплоча за изработка на макета;
Сервомотор, дополнително напојување и спроводници (рампа - опционално).
Во следното видео е прикажана една од опциите за изработка на макета за паметна гаража:
Погледнете ги уште еднаш кодовите:
Код за уредот Микро:бит на влезот од гаражата:
Код за уредот Микро:бит на излезот од гаражата:
Уред Микро:бит којшто собира податоци и го прикажува бројот на возила:
Размислете како може да ја направите вашата гаража уште попаметна - можеби би можело автоматски да се пали светло штом се намали видливоста, да додадете рампа на влезот и излезот, наместо со притискање копчиња влезот и излезот на возилата да се регистрира со сензор. Сигурно веќе имате идеја како да го надградите проектот! ☺
Дали имате визија што сѐ ќе биде возможно во паметните градови во иднина? Повторете си за историските збиднувања кои ја одбележаа претходната индустриска револуција! Прошетајте низ минатото, ѕирнете во иднината и направете презентација за вашите заклучоци и сознанија!