МycroPython за уредот Микро:бит


British Council UK Government
Овој прирачник е изработен со поддршка од Владата на Велика Британија, во рамките на проектот „Училишта на 21-от век“ којшто го спроведува Британски совет.


Creative Commons License
Прирачникот „MycroPython – проектна настава“ е издаден од страна на Британски совет под лиценцата Creative Commons Attribution-NonCommercial-ShareAlike 4.0 International License.


МycroPython за уредот Микро:бит


mikrobit

Овој прирачник е наменет за седмоодделенците од основните училишта и замислено е да придонесе да се реализираат часовите на кои е планирано да се изготвуваат проекти во MicroPython со уредот Микро:бит.

Во прирачникот се посочени голем број примери во кои со помош на Python се управува со уредот. Сите идеи се детално објаснети, но самите кодови не се разгледуваат детално, туку се очекува учениците да имаат одредено предзнаење за програмирање со програмскиот јазик Python.

Сите примери се тестирани во уредувачот Mu (Мју), којшто е дизајниран на начин и почетниците во програмирањето да можат лесно да го инсталираат и користат.

По едноставните примери на почетокот, во кои е објаснета примената на основните функции од библиотеката за работење со уредот Микро:бит, во прирачникот следуваат и примери за помали проекти кои може да се направат за време на часовите предвидени за проекти.

За работење со уредот Микро:бит и реализација на проектите предвидени се вкупно четири училишни часови, па оттаму идејата дека проектите кои ги содржи прирачникот првенствено укажуваат на разните можности кои ги нуди уредот Микро:бит и на неговата примена за решавање проблеми од секојдневниот живот.

Покрај проектите, без детално упатство, дадени се и предлози за можни проширувања и надградувања, со цел да им се овозможи на заинтересираните ученици самостојно да обмислат и реализираат делови од проектите. Овие предлози се дадени и со цел да ги поттикнат учениците на креативно размислување и истражувачка работа, за да можат заедно со своите наставници да смислат нови креативни решенија.

За учениците кои покажуваат особен интерес за програмирање, во додатокот се опишани некои можности за интерактивна работа со уредот Микро:бит поврзан со компјутер, кои можат да бидат навистина корисни при реализација на комплексни проекти.