Велосипед со сигнализација¶
На која возраст може едно дете самостојно да вози велосипед?
Каква сигнализација е неопходно да има секој велосипед?
Кои правила треба да ги почитуваме ако сакаме безбедно да учествуваме во сообраќајот?
Дали можат современите технологии да ни овозможат безбедно возење?
Доколку ги најдовте одговорите на горенаведените прашања и го прочитавте Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, може да продолжиме со работа! ☺️
Со помош на уредот Микро:бит ќе го опремиме велосипедот со дополнителни сигнални уреди и со тоа ќе овозможиме побезбедно возење.
Што ни е потребно?
Три уреди Микро:бит;
Ленти или материјал за држач, за да може да ги поставиме уредите на велосипед.
Следното видео содржи објаснување како уредите Микро:бит можат меѓусебно да комуницираат и дадени се предлози за поставување дополнителна сигнализација на велосипед:
Кодот за уредот Микро:бит што го поставивме на воланот:
Код за лев уред Микро:бит (заден лев трепкач):
Код за десен уред Микро:бит (заден десен трепкач):
Доколку одлучивте уредот Микро:бит да го поставите на кацига:
Размислете како би можеле да примените технологија за да го направите возењето велосипед уште побезбедно. Во посочениот пример, уредот Микро:бит го поставивме на кацига и сигнализацијата ја вклучувавме со благо наведнување на главата налево и надесно. Развијте систем кој ќе овозможи да се активира сигнализацијата со движење на воланот од велосипедот. Додадете опција уредот Микро:бит да ве предупреди да ги вклучите светлата при намалена видливост.
Секако, додека возите, без оглед на дополнителните сигнални уреди, треба задолжително да се придржувате до законските правила и прописи! Општо, кога правите технички уред мора да водите сметка неговата примена да биде во согласност со прописите за областа во која ќе се применува.
Направете презентација на темата Безбедност во сообраќајот и претставете ги резултатите од вашето истражување и проучувањето на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Особено обратете внимание на правилата за учество на пешаците и велосипедистите во сообраќајот!