Ултразвучен мерач на растојание¶
Што е звук?
Дали знаете која е границата на фреквенцијата за ултразвук, а која за инфразвук?
Кои се природните извори на инфразвук?
Наведете некои примени на ултразвукот!
Ќе направиме уред којшто ќе ни овозможи мерење растојание до некој предмет (препрека) и бројно ќе го прикаже во сантиметри. |
Што ни е потребно?
Еден уред Микро:бит;
Два отпорника (220Ω и 470Ω);
Спроводници;
Светлечки диоди, отпорници, звучник (по желба).
Запознајте се со основниот принцип на којшто работат ултразвучните уреди за мерење растојание:
Проучете ги уште еднаш временските дијаграми и кодот:
Сега, откако научивте на каков принцип работи ултразвучниот сензор и како може да определите колку е оддалечен некој предмет, обидете се да употребите сензор заедно со уредот Микро:бит за да прикажете едно од можните решенија на реалниот проблем. На пример, направете паркинг-асистент за мини возило, ултразвучен висиномер - поставете сензор на одредена висина и мерете го растојанието до врвот на главата (на главата ставете рамна, тенка плоча за подобро да се одбива бранот) или некој сличен уред.
Истражете каде сè се применуваат ултразвучните бранови и преку презентација на темата Примена на ултразвукот споделете ги вашите сознанија со другарите. Размислете кои сè сензори се може да се најдат во современите возила и како тие придонесуваат да се вози побезбедно. |