Безбедносен систем


  • Дали некогаш ви се случило да изгубите или да ви исчезне некој предмет?

  • Како може да го заштитите вашиот станбен простор од непосакувани посетители?

  • Дали во вашето училиште постои каков било безбедносен систем?

  • Како треба да се реагира во случај на пожар?

  • Како може да се заштитиме од поплава?

Со овој проект сакавме да ја истакнеме огромната улога на современата технологија во зголемувањето на нашата лична безбедност, како и да го разгледаме принципот на којшто работат одредени сензори. Ќе направиме единствен систем на сензори којшто ќе може да го поставите во вашата училница, стан или онаму каде што сметате дека ќе биде корисен.


Шта нам је потребно?


Со принципот и начинот на кодирање со уредот Микро:бит за да се применат наведените сензори може да се запознаете преку следново видео:



Погледнете го уште еднаш кодот што го составивме:

Систем со фотоотпорник и ласер:

Примена на сензорот за движење:

Детекција на гасови:

Сензор за детекција на вода:

Код за уред Микро:бит којшто прима информации:

Во еден вистински систем, сирената не мора да биде поставена на исто место со уредот којшто прикажува каков проблем се јавил. Додадете уште еден уред Микро:бит на којшто ќе поврзете звучник и според тоа изменете го кодот.

Пред да започнете да работите на сличен проект, проучете ги добро начините на врзување и принципите на коишто работат компонентите кои ќе ги користите.

Можеби не бевте во можност да набавите дополнителни сензори. Имајте ги предвид многуте можности што ги нуди самиот уред Микро:бит – протресување, температура, допир, наклон… Дали може да се детектира појава на вода без сензор? Направете безбедносен систем без примена на дополнителни сензори, користејќи само вградените функции на уредот Микро:бит!