Завршни зборови

Сега сте веќе доволно искусни за да пишувате самостојно кодови со различна намена на уредот Микро:бит.

Објаснивме како можат меѓусебно да комуницираат уреди Микро:бит, како може да ги поврземе со разни извршни уреди и како да отчитувате податоци од разни видови сензори. Понатаму може да продолжите сами.

Фантазирајте, истражувајте, размислувајте, проучувајте, кодирајте, подредувајте и дополнувајте!

На интернет ќе наидувате и на информации коишто не се точни. Сигурно ќе се најдете и во ситуација во која уредот што сте го замислиле нема да функционира како што треба, барем не од прва. Сето тоа е дел од нормалниот процес на развој.

Не откажувајте се!

Најдете начин соодветно да ја применувате современата технологија и со тоа да го направите светот околу вас полесно, побезбедно и поблагородно место за живеење!


Ви посакуваме успешна, забавна и поучна работа со уредот Микро:бит!