Бројач на чекори


  • Дали живееме здрав живот?

  • Набројте некои здрави навики и објаснете колку и како се придржувате до нив!

  • Дали знаете во вашето место каде има игралиште, шеталиште, парк или шума и колку време во текот на неделата поминувате на свеж воздух?

  • Дали постои одреден број метри/километри што треба човек да ги изоди во текот на денот?

  • Зошто е важно да бидеме физички активни? Какви се последиците од физичката неактивност?

Современиот и брз начин на живеење носи и одредени лоши навики за кои честопати не сме ни свесни. Иако има бројни предности, примената на современата технологија во некои случаи има и свои недостатоци. Еден од тие недостатоци е фактот дека луѓето, особено младите, поголемиот дел од времето го поминуваат пред компјутер и други уреди. Ги занемаруваме физичките активности кои ни се неопходни за да го зачуваме нашето здравје.

Со проектот Бројач на чекори сакаме да го насочиме вниманието кон здравите и нездравите навики, како и да ги поттикнеме луѓето кои имаат нездрави навики да се променат и да воведат барем малку поинтензивна физичка активност.


Што ни е потребно?


pedometar

Наједноставниот начин да направите бројач на чекори е прикажан во следното видео:



Едно од програмските решенија може да биде следново:

Ние за овој проект собиравме чекори. Збогатете го уредот со можноста да се пресмета вкупниот пат којшто сте го изоделе во текот на денот. Како би го сториле тоа? Како може да ја пресметате просечната должина на вашиот чекор?

Направете презентација на темата Во здраво тело здрав дух! и дискутирајте со другарите за добрите и лошите навики на младите во денешно време, како и за влијанието на навиките на здравјето и секојдневното функционирање, особено за време на повеќегодишен период. Осврнете се и на исхраната, односно на тоа што треба да јадеме а што треба да избегнуваме.

Направете футрола за вашиот бројач на чекори, украсете ја и нацртајте ја по желба!

Уредот Микро:бит можеби нема да го регистрира секој чекор што ќе го направите, но дополнителните активности до остварувањето на зацртаната цел секако ќе придонесат да ја зголемите вашата физичка кондиција!


3D моделот којшто го употребивме за да го прицврстиме уредот Микро:бит на зглобот го најдовме на следнава адреса . Доколку сте во можност, може да испечатите на 3D принтер некој од интересните модели кои се наоѓаат на оваа веб-страница и да го направите проектот уште поинтересен.