Идеи за проекти


Во наредните поглавја претставени се некои идеи за проекти кои може да ги реализирате за време на часовите по проектна настава што се предвидени за учениците од седмо и осмо одделение, по предметите Компјутерска наука и информатика, во рамките на училишните клубови за кодирање (секција) или на часовите по предметот Техника и технологија, за кои се планирани слични активности.

За некои од проектите, освен уредот Микро:бит, не е потребна дополнителна опрема, додека за некои е потребно да се набават спроводници и дополнителни сензори, чија цена е мошне пристапна, а можат лесно да се набават преку интернет или во продавниците за електронска опрема. Некои од потребните елементи (мотори, отпорници, диоди) осмооделенците веќе ги користат во рамките на наставата по предметот Техника и технологија.

Секоја проектна задача се состои од истражување, решавање на проблемот со користење на уредот Микро:бит (изработка на конкретен уред или макета која овозможува симулација на начинот на решавање на проблемот со примена на современите технологии) и презентирање на сработеното и резултатите од истражувањето.

Ве советуваме пред да изберете проектна задача внимателно да ги прочитате сите предложени проекти, како и приложените упатства и идеи.

Кога ќе изберете проект што сакате да го реализирате, задолжително проучете ги проектните решенија за слични проблеми од претходните поглавја, како и начините за поврзување на компонентите кои сакате да ги користите.

Не е задолжително да изберете една од дадените идеи, туку тие треба да ви послужат како поттик согласно можностите и желбите да спроведете слични активности.